Што е Cycle Palace?
Cycle Palace е повеќе од продавница за велосипеди. Ние сме семејство, и тим на љубители на велосипедизмот., а нашата мисија е да им помогнеме на на луѓето во Македонија и регионот да ја истражат својата страст за возење велосипед. Искрено веруваме дека велосипедизмот е повеќе од превоз, повеќе од спорт, и вашиот велосипед е повеќе од возило на педали управувано од човекот.
Љубителите на велосипедот уживаат во:
Cycle Palace низ годините
Пајко Маало
Отворена е нашата прва работилница во Пајко Маало од страна на Гунсел Мехмед – пионер на велосипедот и познат скопски занаетчија.
Работилницата на мајстор Гунсел брзо прераснува во главна дестинација за љубителите на велосипедизмот во Скопје, а меѓу градскиот еснаф го бие глас како врвен познавач на тогашната велосипедска технологија и мајстор мераклија.
Мајстор Гунсел набрзо заминува на задолжително служење на воен рок, па во 1961-ва работилницата доживува краток престан на работа.
Сервис “Водно” – Мала Станица
Работилницата “Водно” во сопственост на мајстор Гунсел е првата авторизирана работилница на тогашниот велосипедски гигант “Rog” од Љубљана.
Се наоѓа на самиот почеток на Водњанска, па така стекнува огромна популарност меѓу љубителите на спортот кои често се упатуваат кон врвот на планината како позната спортска дестинација.
Во екот на својата работа, мајстор Гунсел започнува долгогодишна соработка со познатиот чешки производител “Favorit” – компанија која датира од 1901-ва година.
Сервисот “Водно” продолжува со работа се до 2003-та, кога мајстор Гунсел се пензионира, а околните објекти се одстрануваат за да се ослободи простор за новиот трговски центар “Рамстор”.
“Вардар” – Тафталиџе
Паралелно со работилницата на Водњанска, во Тафталиџе започнува со работа новата работилница “Вардар” – специализиран сервис за велосипеди под водство на Арбен Мехмед, син на познатиот мајстор Гунсел.
Култниот сервис за жителите на околните населби, кој и ден-денес се наоѓа позади пазарчето во Тафталиџе, претставува почеток на претприемачките потфати на Арбен.
Денес “Вардар” нуди целосно сервисирање на велосипеди. За вашите потреби е задолжен мајстор Блерим, кој носи неколку децениско искуство од индустријата.
“CM Trade”/”Вардар”
Под брендот на CM-Trade, во 2008-ма започнуваме со продажба на велосипеди и резервни делови во целата територија на Македонија.
Набргу, се ребрендираме во “Вардар”, а нашите активности направија да прераснеме во еден од главните увозници во Македонија, снабдувајќи околу 60 различни локации во нашата територија.
Денеска сме застанпник на велосипедите “Kron”, “Force”, “Dook”, и “Geroni”, а нудиме резервни делови “Shimano”, “Sram”, “Sun Run”, Shun Feng, “Saiguan”, “Cateye’, “Cairbull” и многу други. Увозник сме и на “CM Tubes”, “Mitas”, “Kenda”, CST”, “Maxxis”, “Continental” и “Schwalbe”
Воедно, сеуште продолжуваме со соработката со чешкиот “Favorit” (сега KCK Cyclosport), која ја започнавме во раните 70-ти.
Продаваме повеќе од 10.000 велосипеди годишно, а во 2021-ва ви овозможуваме да не посетите во нашиот салон, “Cycle Palace”, каде нудиме огромна селекција на city, lady, road, mountain и електрични велосипеди.
Cycle Palace 1
Cycle Palace започнува со работа во 2022-ва година во сопствениот салон на улица Скупи број 47, каде располагаме со простор од 500м2, а на располагање имаме преку 200 различни велосипеди.
Воедно и најголемиот салон за велосипеди во регионот, Cycle Palace е one-stop-shop за сите ваши потреби кој нуди продажба и сервисирање за сите видови на велосипеди.
Cycle Palace 2
“Во 2023-ва година отворивме нашата продавница на Партизански Одреди бр.119, проширувајќи ја нашата традиција на квалитет и услуга.
Cycle Palace 2, нуди продажба и сервисирање за сите видови на велосипеди.
Капацитети и Услуги
Сезонално сервисирање
Подгответе го велосипедот за претстојната сезона за возење
Бесплатна проценка на трошоците
Наминете за бесплатна консултација
Делови и додатоци
Изберете делови од нашата широка палета на брендирани производи
Вашиот нов велосипед
Изберете готов велосипед или изградете го со помошт на нашите експерти